Вести Македонија Најважни

ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира Собранието по 10 мај

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи да го прифати предлогот на лидерот на лидерот на партијата Мицкоски и најави дека ќе започне активна блокада на Собранието по 10 мај.

Потпретседателот на партијата, Александар Николовски, кој ја соопшти одлуката на ИК повика на мобилизација и активизам од граѓаните, а соопшти и дека седницата на Извршниот комитет на партијата продолжува и најави дека вечерва ќе бидат донесени и други одлуки.

Сметаме дека животот во национална катастрофа за жал станува секојдневие, ваквата позиција ја донесе токму оваа Влада и тоа ни дава обврска да одговориме на истата. Ваквиот чекор е реакција на акциите на власта. Токму на седницата на извршниот комитет донесовме заклучок за активна блокада на Собранието, што подразбира блокада на сите штетни закони што доаѓаат од ДУИ и СДСМ. Блокадата ќе стапи на сила во 10 мај, а дотогаш ДУИ И СДСМ да размислат и да се отвори за дијалог и да прифатат лидерска средба. Топката е сега кај СДСМ и ДУИ, да седнеме на лидерска средба и да го дефинираме датумот за лидерска средба, изјави Николовски.

Според него, блокадата ќе трае се дури не се постигне договор за предвремени парламентарни избори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе