Вести Македонија Најважни

Првомајски синдикален протест: „Не може да ви бидеме робови седум ден во неделата“

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот со синдикален протест барајќи усогласување на останатите плати со порастот на минималната плата.

Синдикатот бара линеарно зголемување од 2.806 денари на сите плати во државата, почнувајќи од општиот работник до претседателот на државата.

Дарко Димовски претседател на ССМ рече: „Денес е 1 мај светскиот ден кој го претставува достоинството на работниците плати поголеми уште утре. Само кукате дека немате пари па ви предлагаме линеарно зголемување од 2.806 денари од хигиеничар до претседател Ве предупредуваме да ја повлечете преставката за недела неработен ден. Не може да ви бидеме робови седум ден во неделата“.

Од ССМ ги повикаа и останатите синдикални организации и конфедерации во земјава да се приклучат на првомајскиот протест и заеднички да се изборат за работничките права.

– Потребни се похрабри, поинтензивни и побрзи реакции за надминување на проблемите, за зголемување на платите за 2.806 денари во нето износ на сите вработени во приватниот и јавниот сектор, како и за креирање на нови визии и перспективи. Ја повикуваме Владата на поголема продуктивност и решителност во делувањето за зголемување на платите на работниците, се вели во прогласот на ССМ.

Одлуката да се организира синдикален протест на 1 Мај е донесена од страна на Претседателството и Советот како највисоки тела на ССМ.

Ден на трудот- меѓу протести и излети со неколку активни штрајкови во државната служба и еден штрајк во мирување

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Александар Лазаров – Цуна кој избега преку прозорец од полициската станица во Кочани, уапсен е во Скопје

Дејан Дејан

Бугарија има најмногу болнички кревети на 100 000 жители – 870, каква е состојбата во Македонија?

Kristina Kuzmanovski

Последен ден за договор за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе