Вести Македонија Најважни

Бугарското е најбројното второ државјанство, 115 Македонци се државјани и на Американска Самоа

Педесет и три илјади двесте и еден државјанин на Македонија, освен македонското има и некое други државјанство. Ова го покажа пописот спроведен во септемеври минатата година, а кои податоци денеска ги објави Државниот завод за статистика. Најбројно второ државјанство во земјава е бугарското.

Од резидентното население во земјава на пописот со второ државјанство, според етничката припадност, најбројни се Македонците, односно 31 илјада и 300 пријавиле  дека имаат втора таковина, додека второ државјанство, освен македонското имаат над 8.500 Албаци, над 5.700 Срби и 1.500 Турци.

Бугарија како втора татковина ја пријавиле 19.645 македонски државјани, а како  државјани само на Бугарија се пријавиле 116 лица. Со српски пасош на пописот се пријавиле над 11.700 лица, од кои на 10.900 српското име и второ државјанство освне македонското. Албанско државјанство како второ имаа повеќе од 2.100 македонски државјани, додека и косовско државјанство имаат речиси 2.400 македонски дравјани. Второ, хрватско државјанство, пријавиле повеќе од 3.800 македонски државјанин, додека словенечко имаат над 1.000. Грчко и македонско државјанство пријавиле 208 граѓани на пописот во септември.

Надвор од земјите од регионот најбројни се оние со второ, американско, државјанство, 1.937, додека второ герамско државјанство пријавиле 804 македоснки државјани. Француско пријавиле 263 македонски државјани, а само шест повеќе, поточно 269 македонски државјани имаат и руско државјаство. Австралиско како второ државјанство од вкупниот број на попишано население на државава пријавиле само 211 лица.

Интересен е податокот дека дури 115 македонски државјани имаат и државјанство на Американска Самоа, додека државјанство од најбројната држава во светот, Кина, на пописот пријавиле 18 македонски граѓани, од кои на шест кинескотот им е второ државјанство. Инаку во списокот на држави е наведен и континентот Антарктик, но според податоците на пописот од таму нема пријавени државјани во ниедна категорија.

Освен бројките за двојните државјанства Статистика денеска излезе и со податоци за населението по возраста и пол, при што интересно е да се каже дека на пописот пред седум месеци повозрасни од 100 години биле попишани 33 жени и 18 мажи, додека над 90 години во тој момент во земјава имало 4.400 лица.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва отворање на изложбата „ Трага во времето“ за 10 години Национален џез оркестар

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?

Дејан Дејан

Обвинителството отвори истрага за синот кој му нанел 30 убоди со нож на татко си кој претходно ја нападнал мајката на 30-годишникот

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе