Преговорите за членство во ЕУ на Северна Македонија и на Албанија не смеат да се одложуваат рече еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји претпладнево на средби со бугарскиот државен врв, тој утре доаѓа во Скопје.
А шефицата на бугарската дипломатија, Теодора Генчовска, повтори дека поддршката на Бугарија за евроинтеграциите на регионот е категорична, но не и безусловна.
Земјите од Западниот Балкан да се држат до основните вредности на Европската унија – човековите права и добрососедството, доколку сакаат влез во Унијата, порача Генчовска.
