Вести Македонија Најважни

Штрајкот на СОНК продолжува. Опозицијата и власта се караат за притисоци

Штрајкот на просветните работници и вработените во градинките влезе во третата недела, а еден месец пред крајот на учебната година учениците не посетуваат настава. Нема најава кога учениците би се вратиле училишните клупи.

Договор помеѓу Владата и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура за зголемување на платите во образованието се уште нема, за што синдикалниот лидер Јаким Неделков најави продолжување на генералениот штрајк на своето членство во градинките, основното и средното образование.

Договор со ресорните министри до овој момент немаме, меѓутоа има сигнали за можна средба во Владата попладнево. Доколку се оствари, дополнително, во текот на денот, ќе објавиме, рече Неделков.

Неделков ја повика Владата да изнајде сили за исполнување на нивните барања кои се однесуваат на усогласување на платите и изрази надеж дека до крајот на денот би можело да има добри вести.

– Во интерес на децата во училиштата и колегите кои штрајкуваат, Владата ќе изнајде сили да направи напори да ги усогласи нашите побарувања на СОНК во однос на усогласување на минималната плата на национално ниво. И секако очекуваме договор на динамика за усогласување на платите во образованието во текот на оваа година и годините што ќе следат, изјави Неделков.

Штрајкот на СОНК доби поддршка од Европската конфедерација на синдикатите за образование. Директорката на оваа конфедерација, Сусан Флокен изрази солидарност со синдикалните барања, и рече дека се потребник поголеми вложувања во образованието во Македонија, како и во наставниот кадар.

Образованието е повеќе од само едукација, образованието ги подготвува идните кадри на секоја држава, а наставниците овде ја подготвуваат иднината на Северна Македонија. Квалитетното образование е основата за квалитетно општество, а за такво образование се потребни квалитетни наставници. За тоа ни е потребно повеќе јавно инвестирање во оваа професија која е суштинска и која е камен темелник на општеството и затоа сум и јас тука, да ја поддржам таа борба, рече Флокен.

Членовите на СОНК штрајкуваат од 11 април. Голем дел од родителите, особено оние кои немаат кој да им ги чува децата бараат прекин на штрајкот или заменски наставници, кои, за сега, ги има само во мал број училишта во државата. Владата понуди зголемување на платите за 10 проценти, што беше одбиено од СОНК. Од Владата сметаат дека е „неодговорно да се продолжи со генералниот штрајк во образованието и покрај понуденото решение за раст на платите“ и побараа „штрајкувачите да не се донесуваат во заблуда, а наставата и преговорите да продолжат“.

Мартин Николовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе