Вести Најважни Свет

Украинците тврдат дека има најмалку 9 000 мртви во масовни гробници во близина на Мариупол

Украина ја обвини Русија дека погребала илјадници цивили во масовни гробови во близината на Мариупол во обид да го сокрие масакрот кој се случува во разорните напади во овој град.

Сателитските снимки објавени од Максар Технолоџис покажаа масовни гробови во градот Манхуш, во близина на пристаништето на Азовското море.

Според Максар, на фотографиите се снимени повеќе од 200 гробови во градот, кои се протегаат надвор од постоечкото гробиште. Според Украинските власти во Мариупол, во овие гробови може да се наоѓаат повеќе од 9 000 мртви луѓе.

Русите во ткн мобилни крематориуми ги уништуваат телата на убиените цивили во Мариупол, обвини претседателот на Украина, Володимир Зеленски, предупредувајќи дека окупационите сили се обидуваат да ги сокријат трагите од своите злосторства.

„Десетици илјади Украинци беа убиени во градот во текот на Руските непријателства против Мариупол. Не го ни знаеме точниот број на мртви. Можеби никогаш нема и да знаеме. Затоа што Руските трупи во градот донесоа ткн мобилни крематориуми – специјални машини за уништување на човечките тела. Окупаторите извлекоа заклучоци од тоа како светот реагираше на масакрот во Буча. Сега Русите се обидуваат да ги сокријат трагите на воени злосторства“ – изјави Зеленски.

Околу 80-тина жители на Мариупол кои успеаја да побегнат од речиси до темел уништениот Мариупол, пристигнаа во градот Запорижнија.

Околу 1500-тини луѓе треба да се евакуираат со автобус, но само мал дел успеале да побегнат.

Речиси ништо не остана од нашиот град кој беше жестоко бомбардиран повеќе од два месеци, тврдат овие граѓани.

„Пекол е тоа што се случува таму, тоа не може да се раскаже. Русите убиваат луѓе без размислување. Ако светот не преземе мерки, Запорижнија ќе биде исто. Нешто треба да биде направено. Што е можно поскоро“ – тврди еден жител на Марипол.

 

„Во нашиот двор имаме мало гробиште и таму закопавме 7 луѓе“ – додава друг жител на уништениот град.

Русија прогласи победа во Мариупол иако во градот се уште има припадници на Украинските безбедносни сили, како и неколку илјади цивили кои се кријат во подземните ходници и подруми на огромниот индустриски комплекс, челичарницата Азовстал.

Станува збор за припадници на озлогласениот баталјон Азов, составен од припадници на крајната Украинска десница, кои руската пропаганда ги изедначи со сите Украински војници, опишувајќи ги сите оние кои ја бранат својата држава како нацисти.

Русија изрази подготвеност за хуманитарен прекин на огнот и евакуација на цивилите од Азовстал, но само доколку Украинските сили го направат тоа што досега упорно го одбивааа – да кренат бели знамиња и да се предадат.

Но, една од целите на Украинските сили во Азовстал е да се спречи рускиот напредок во Донбас.

„Нашите сили се во Мариупол, Азов и тие продолжуваат да се борат во градот. Тоа е тврдина, каде нашите борци држат најмалку 10 000 непријателски сили. Ако тие паднат, оваа 10 илјадна армија ќе почене да маршира кон Север и ќе помогне да се окупира Донбас. Значи момците во Мариупол извршуваат огромна и значајна мисија’ – вели командантот на единицата Кракен во баталјонот Азов, Константин Немичев.

Евентуалното пренасочување на руските сили од југот кон источна Украина, само дополнително ќе го зголеми притисокот врз регионот Донбас, каде е фокусот на руската инвазија.

Официјална Москва потврди дека руските војници зазеле 40 –тина села на огромниот фронт во Источната Украина , додека на повеќе места украинските војници и ги напуштиле своите забарикадирани позиции.

Сите руски придобивки се привремени и тие на крајот ќе мора да ја напуштат нашата држава, пркосно порачуваат властите во Киев.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе