Вести Свет

САД и сојузниците испратија предупредување: Русија планира голем сајбер напад

Пет сојузници, вклучително и Соединетите Американски Држави, предупредија дека новите разузнавачки информации покажуваат дека Русија е подготвена да изврши силни сајбер напади врз ривалите кои ја поддржуваат Украина.

Членовите на разузнавачката мрежа Пет очи – САД, Велика Британија, Канада, Австралија и Нов Зеланд – рекоа дека Москва може да ги вклучи и постоечките сајбер-криминалци во нападите врз владите, институциите и бизнисите.

„Разузнавањето покажува дека руската влада ја истражува можноста за потенцијални сајбер напади“, велат тие во официјалното предупредување.

Покрај тоа, се наведува, „некои групи за сајбер криминал неодамна јавно ветија поддршка за руската влада“.

„Некои групи, исто така, се заканија дека ќе спроведат сајбер операции против земји и организации кои обезбедуваат материјална поддршка на Украина“, се вели во извештајот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца хоспитализирани, еден опериран – над 30 повредени од невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Утврдено зголемено ниво на арсен во водата за пиење во Валандово – граѓаните да не ја користат за пиење

Sasko Dimovski

Подолго време е потребна претпазливост во Гостивар, не знаеме што сè има во фекалното загадување, советуваат инфектолозите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе