Лавиринтот на законски недоречености му дозволи на фашистичкиот соработник „Ванчо Михајлов“ по 80 години од Втората светска војна директно да влезе во Битола и на Широк сокак. Министерството за правда иако имало надлежност да издава одобренија за соодветноста на име на здруженија на граѓани доколку тоа содржи име и презиме на историска личност, во 2019 за здружението „Иван Михајлов“ дало известување дека поради тоа што во Законот за здруженија и фондации не постои регистар на историки имиња или било кој друг документ со кој може да се утврди стаусот на историската личност не е можност да издаде одобрение за името “Иван Михајлов“.
На сајтот на Минстерството во делот на „услуги – издавања одобренија“ во делот на Законот за трговски друштва, кој го доуредува користењето на имињата на Здруженијата, доколку тоа не е уредено со Законот за здруженија и фонадации, уште во првиот пасус е наведено дека Министерството има таква надлежност. Дополнително нејасно е какви документи му недостигале на Министерството за утвдување на статусот на историската личност „Иван Михајлов“, со оглед дека за тоа било потребно да се консултираат Факултетот или Институтот за историја или да се изгугла неговото име на интернет.
Токму ваквото известување на Министерстовото за правда од 2019 дека не е во можност да издаде одобрение, го заживеа Здружението „Иван Михајлов“ кое резултираше три години подоцна со Клуб „Ванчо Михајлов“ кој го отвори целиот државен врв на Бугарија.
Известувањето од Правда издадено на 5 март 2019 година било причината поради која Централен регистер осум дена подоцна, на 13 март, не можел да го спречи регистрирањето на Здружението „Иван Михајлов“.
„Централниот регистар го зема во предвид известувањето од Министерството за правда за немање регистар за историски личности но, исто така, не е предвидено дека друг државен орган води регистар на историски личности. Или, со други зборови, не постои надлежен државен орган кој може да издаде одобрение за употреба на име на личност“, се наведува во соопштението на Централниот регистер.
Телма денеска побара одговор од Правда дали нивната не можност да издадат одобрение не било доволно да не се регистрира Здружението „Иван Михајлов“, на што од таму одговорија дека Минисетрството не е надлежно за регистрација на клубот, туку надлежен е Централниот регистер.
За тоа пак дали случајот со регистрацијата на Здружението „Иван Михајлов“ ќе доведе од проширување регулативата во делот на именувањето, но и допрецизирање на законите кои ја уредуваат одбласта на Здруежнијата и фондациите, од Министерството одговорија дека тоа е веќе во подготовка.
„Формирана е и работна група на 16.03.2022 година која има одржано состанок. Целта на законските измени е да се подобри правната рамка во делот на одредбите кои се однесуваат на статусот на организацијата од јавен интерес, регистрација на граѓански здруженија, дефинирање на статус на непрофитни организации… Во рамки на работната група ќе се разгледуваат сите отворени прашања меѓу кои и прашањето за историски личности“, наведуваат од Министерството за правда.
Од централен регистер пак преку соопштение денеска во детали објаснија како се одвивала регистрацијата на Здружението “Иван Михајлов“, при што како наведуваат дека како институција тие не можат да го попречат загарантираното уставно право на граѓаните за слобода на здружување, вклучително и на Здружението „Иван Михајлов“ Дополнително од таму наведуваат дека во запишаните цели и програми на делување на здружението немало елементи насочени, меѓу другото, кон разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост или активности спротивни на Уставот и законите поради што е донесено Решени за упис на Здружението.
Сепак со измените на членот 4 во став 2 од Законот за здруженија и фондации, донесени во 2010 година, пак е наведено дека се забранува основање на организација ако програмата и нејзиното дејствување, меѓу другото е насочено кон разгорување на расна или верска омраза или нетрпеливост .
За универзитетскио професор Ненад Марковиќ, тоа било доволно осонова да се забрани регистрациијата на Здржението.
Инаку Здружение „Иван Михајлов“ во својот статут не користи ништо што упатува на Бугарија или на историската личност Ванчо Михајлов, иако тоа не е случај со нејзиниот фејсбук профил.
Здружението „Иван Михајлов“ во 2020 година од Централниот регистер побарало промена на упис, но не во делот на статутот, туку, како што дознава Телма во делот на барањето доколку биде згаснато имот не како што било наведено претхондо да му биде оставен на манастирот Св. Јован Бигорски или на државата Макеоднија, туку на основачите на здружението, што било одбиено од Централниот регистер бидејќи станува збор за непрофитно здружение кое не може да остарува порфит.
Инаку во централниот регистер се регистрирани и Здружение за заштита на Србите, Здружение кое го носи името на Цар Душан, но и Здружени и институ Тодор Александров, Македонско патриотско здружение Тодор александров, како и фондација за макеоднското наследство на Тодор александров – Ресен.
Тамара Грнчароска
