Вести Македонија Најважни

Битолчани гневни – име на фашистички соработник, среде еврeјско маало во градот

Улицата Рузвелтова во центарот на Битола се враќа  во својот вообичаен и секојдневен  ритам, откако во саботата за време на отворањето на клубот на културниот центар „Иван Михајлов“ беше под полициска опсада и целосно блокирана.

Денеска објектот е празен, а на влезната врата има катанец.

-Клубот на културниот центар Иван Михајлов на улицата Ризвелтова бр1 во Битола денеска е затворен. Од свеченото отворање останаа само балоните и сметот.

Настанот се уште  во фокусот на вниманието на битолчани, а минувачите застануваат, се загледуваат во објектот и револтирано коментираат дека ова е провокација.

Бараат да се дозволи и и Македонците во Бугарија да отвораат вакви клубови.

-Ова е голема провокација, поголема не може да биде, вели граѓанин

-Бугарскиот премиер  да возврати исто како ние. Им ја дадовме цела држава, кога ќе влезат  во културата, готово е.  Да отворат  нашите Македонци и таму во Бугарија вакви клубови  и тоа на две места, вели друг битолчанец

-Не може да ни ја фалсификуваат истријата а ние не треба да бидеме послушници нивни за се и сешто, вели битолчанец

Други граѓани бараат одговорност за оние што дозволиле да се отвори културен центар што го носи името на соработник на  фашистите,  во Битола, град кој дал голем број  антифашистички херои.

-Треба да одговараат и тие што им дозволија да влезат, вели битолчанка

-Не треба откако ќе се случи нешто да ги решаваме проблемите, требаше пред време да се реши,  кој дозволи тоа да се направи, вели битолчанец

Инаку улицата Рузвелтова, каде се наоѓа бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“, до Втората светска војна беше дел од еврејскиот кварт во Битола.

Овде, во повеќето куќи живееја Евреи, а дел од нив трагично настрадаа во озлогласениот нацистички логор Треблинка.

Тука е и објектот на поранешниот пионерски дом во Битола, кој пак на времето бил еврејско училиште.

Вчера реагираа и од Еврејската заедница во Македонија, и велат дека се згрозени и навредени што клубот го носи името на близок соработник на нацистите.

Бараат Бугарија да се извини за злосторствата  и холокаустот од Втората светска војна, а ЕУ да го осуди ваквото нивно однесување.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе