Вести Македонија Најважни

Официјална Софија кажала дека има кртови во македонската администрација но не и кои се тие

Македонските институции се обидуваат да го утврдат идентитетот на државните службеници кои се обидувале да го минираат процесот со Бугарија и со тоа и евроинтеграциските процеси на државата и да ги лоцираат во кои институции работат и дали имаат пристап до доверливи информации. Нема инфромација дали станува збор за организирана група со хиерархија или пак поседици кои се водат од лични или лукративни побуди. Истрага е отворена но резулати засега нема или пак не се соопштуваат во јавноста.

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, сега појасни дека официјална Софија му соопштила дека има кртови во македонската администрација кои агитираат но не и кои се тие и со кого контактирале во Бугарија.

Неодговорени се и прашањата дали тие имале контакти со протераните руски дипломати или припадниците на безбедносните служби во Бугарија кои се притворени под сомнение за шпионажа во корист на Руската федерација.

Османи, пред петанесетина дена, најави елементите и струите во Македонија и во Бугарија кои се обидуваат да го држат отворен спорот ќе бидат уште поактивни како што ќе се наближува решението во преговорите.

Премиерот Ковачевски кажа дека ја добил информацијата заедно со министерот Османи и дека е проследена е до безбеносните служби и превземени се конкретни мерки и чекори. Кои се тие чекори и мерки биле класифицирани информации и затоа не даде одговор.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе