Вести Македонија Најважни

Груевски и Мијалков, заедно со семејствата, ставени на црната листа на САД

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, и поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, се ставени на црната листа на САД, со блокирање на нивниот имот во САД, имот или финансиски трансакции, а заедно со нив на листата за забрана за влез во Америка се ставени и членови на нивното најблиско семејство.

Ова го соопштија денеска на брифинг високи претставници на американската администрација, кои посочија дека Груевски и Мијалков, заедно со поранешната главна обвинителка на Босна и Херцеговина Гордана Тадиќ, се најдоа на црната листа на американското министерство за финансии.

Лицата назначени денеска претставуваат сериозна закана за регионалната стабилност, довербата во институциите и аспирациите на оние кои бараат демократско и разумно владеење во Западен Балкан, изјави Брајан Нелсон, потсекретар на Министерството за финансии за тероризам и финансиско разузнавање.

И Груевски и Мијалков според американската администрациија се лица кои се одговорни или соучесници, директно или индиректно вклучени во корупција поврзана со Западен Балкан, како на ниво на влади, така и на поедини поранешни или сегашни владини функционери и политичари, за злоупотреба на јавни средства и експропријација на приватни средства за лична и политичка корист, како и за поткуп. И двајцата, како што наведува, го користеле своето политичко влијание и официјална моќ за лична корист.

Нивните постапки го поткопаа владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси во двете земји и ја намалија вербата на јавноста во нивните влади, изјави Нед Прајс, портпарол на американскиот Стејт Департмент.

Ова е вторпат американската администрација да таргетира лица кои ѝ се закануваат на стабилноста на регионот преку корупција, криминална активност и други дестабилизирачки постапки. Како што информираше денеска висок претставник на американскиот Стејт департмент, речиси сите дестабилизирачки политички активности во регионот се на некој начин поврзани со корупцијата, и поради тоа САД ќе продолжи да соработува со локалните власти за нејзино сузбивање.

Од Стејт департментот додаваат дека ваквиот потег на САД сигнализира сериозност со која американската администрација ја третира корупцијата, а која е примарен и најсериозен проблем во Западен Балкан.

Од Вашингтон денеска и порака дека и во иднина нема да се воздржува од користење на сите алатки кои му стојат на располагање за да ги држат корумпираните, и оние кои дестабилизираат, одговорни.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Што ќе избере Трамп – ќе се приклучат ли САД на израелските напади против Иран?

Дејан Дејан

Дурмиши: Даваат резултат мерките кои ние ги донесовме

Дејан Дејан

Израел му се закани на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе