Три години затвор доби 23-годишниот Јордан Горгиев кој на 20-ти јануари оваа година во сообраќајна незгода кај Сити мол ја усмрти 24-годишната радовишанка Викторија Николова.
Советот ги имаше предвид сите отежителни и олеснителни околности. Околност што брзината на возилото била поголема за 17,3 км на час, општествената опасност од сторување на кривичната одговорност како и зачестеноста на овие кривични дела, дека е изгубен човечки живот.
Горгиев го призна делото и изрази каење.
-Разбирам зошто сум овде и делото кое ми се става на товар. Да се чувствувам виновен и многу се каам. Свесно го давам признанието. Јасно ми е дека ќе ми следи санкција. Јасно ми е дека и ќе треба да платам оштетно побарување во иднина, рече 23-годишниот Јордан Горгиев, кој со ова ја призна вината за сообраќајната несреќа кај Сити мол.
Вина призна обвинетиот за сообраќајната несреќа кај Сити мол во која загина Викторија Николова
Олеснителна околност е тоа што возраста на обвинетиот е 23 години, и прв пат доаѓа во судир со законот. Исто така не го завршил своето образование и е студент, не е оженет и нема оформено потесно семејство. Тоа беа дел од причините за ублажување на законскиот минимум кој е 4 години.
Во несреќата на 20-ти јануари оваа година загина Викторија Николова, 24-годишна радовишанка која поминувала на пешачки премин додека на семафорот трепкало жолто светло. Ѓоргиев налетал на неа и на нејзиниот партнер, а Викторија загина на лице место откако беше отфрлена 20-тина метри во средина на булеварот Партизански одреди.
