Вести Македонија Најважни

Тројца осомничени за убиство на ракометарот Тот, двајца приведени, еден во бегство

Три лица се осомничени за убиство на 27-годишниот хрватскиот ракометар Денис Тот, меѓу кои и 19-годишна девојка. Осмничени за убиството се 28-годишниот А. Ѓ. кој е и првоосомничен за убиството, како и 22-годишниот А.К. и 19-годишната К.Л, кои го претепале хрватскиот ракометар, Тот, кој подоцна им подлегна на повредите.

Од обезбедените снимки од страна на полицијата утврдено е дека, кобната ноќ, околу 3 часот и 30 минути пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, дошло до расправија помеѓу Тот и тројцата осомничени, при што тројцата го нападнале и му нанеле повеќе удари со боксови и клоци. Од ударите тој паднал наназад и со задниот дел од главата удрил на асфалтот, по што изгубил свест. И покрај тоа, осомничените продолжиле да го  удираат по главата, а потоа, без да му укажат помош, си заминале. Двајца од нив, дечко и девојка, се приведени, но првоосомничениот е во бегство и по него е распишана потерница.

„Обезбедени се видео записи од безбедносни камери, Safe City и ноќниот клуб и подигнати се предмети од починатиот што ќе бидат предадени за вештачење. Во текот на вчерашниот ден, во присуство на бранителот, е извршен службен разговор со повеќе лица меѓу кои и двајца од осомничените“, соопшти МВР.

Лице вработено во ноќниот клуб повикало Брза помош, по што Тот е пренесен во Клиничкиот центар. Обдукцијата покажа дека причина за смртта е удар во главата. Имал масивен оток на мозокот, слаб пулс и висока телесна температура. По приемот бил ставен на апарати за дишење а подоцна, и покрај обидите за реанимација починал.​

„Со оглед на тежината на стореното кривично дело и запретената казна, како и заради непречено водење на постапката, обвинителството цени дека се исполнети законските услови за определување на најстрогата мерка за обезбедување на присуство за сите осомничени – притвор“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Случајот доведе до многу шпекулации, особено откако директорката на КАРИЛ даде изјава дека на телото на Тот немало видливи повреди. Вчера реагираше дури и брат му, со објава на фејсбук дека новинарите шират дезинформации, дека немало никаква тепачка и дека Денис починал од срцев удар.

Но, денешниот ден доведе до пресврт, односно потврда на првичните информации, дека смртта настанала во тепачка.

Хрватскиот ракометар играше во скопскиот РК „Бутел„.

Далиборка Дамјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе