Вести Македонија Најважни

Притвор за Мухамед Зекири во истрагата за злоупотреба на функцијата генерален секретар на владата

Доцна вечерва судот соопшти дека му е определен 30-дневен притвор на Мухамед Зекири, до денеска генерален секретар на владата откако беше отворена кривична истрага против него за злоупотреба на функцијата и договорање на набавка на консултантски услуги во 4 очи наместо без тендер.

Тој потоа беше спроведен на издржување на мерката притвор во затворот во Шутка. Осомничен е заедно со уште двајца хрватски државјани.

Судот го издаде и соопштението за одлуката:

-Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против едно лице за кое постојат основани сомненија за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, судија на претходна постапка по произнесување на надлежниот обвинител и осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот, а притоа ценејќи ги сите факти приложени во предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1,2 и 3 од ЗКП.

-Како што и претходно информираше судот, судијата на претходна постапка по добивање на предлогот на Јавниот обвинител, во Законски утврдениот рок издаде наредба до надлежната ПС за спровод на осомничениот, но во текот на денот истиот самиот се пријави во судот да се произнесе во однос на предлогот.

Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд. Што се однесува до другите двајца осомничени – опфатени со предлогот за определување мерка притвор кои се странски државјани и за кои е добиено известие дека се недостапни на органите на прогон, донесено е решение за притвор од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе