Вести Најважни Свет

Фон дер Лајен со воз се упати кон Киев

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изутринава отпатува за главниот град на Украина – Киев, каде што ќе се сретне со претседателот Володимир Зеленски.

Таа е придружувана од шефот за надворешни работи на ЕУ Жозеп Борел.

Фон дер Лајен со воз тргна од малиот јужен полски град Пжемисл, на само 13 километри од украинската граница. Воздушниот простор над Украина е затворен поради војната.

Фон дер Лајен ќе биде првиот западен лидер што ќе ја посети Украина откако во последните денови беа разоткриени злосторствата во киевското предградие Буча.

Во средината на март премиерите на Полска, Словенија и Чешка отпатуваа за Киев со воз. Минатата недела претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола го посети градот.

Како одговор на убиството на стотици цивили во Буча, Фон дер Лајен во вторникот предложи петти пакет санкции насочени кон Русија.

Претставниците на 27-те земји на ЕУ доцна синоќа дадоа поддршка за нов пакет санкции, вклучително и забрана за увоз на јаглен, дрво и вотка, изјавија извори за ДПА.

Највисоките функционери на ЕУ рекоа дека на крајот може да следи целосна забрана за увоз на фосилни горива доколку Русија продолжи со војната против Украина.

За да стапат во сила новите санкции, тие мора да бидат објавени во Службениот весник на ЕУ. Овој чекор се смета за формалност и се очекува да биде завршен денеска.

Изворите на ДПА велат дека имало несогласување меѓу членките на ЕУ околу тоа дали ембаргото за јаглен треба да стапи во сила за три или четири месеци. На крајот, на барање на земјите, вклучително и Германија, земјите-членки се одлучија за четири месеци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе