Вести Најважни Свет

Зеленски: Зошто жените ги задавуваат откако им ги вадат обетките од ушите?

Во своето последно јавно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека стотици цивили биле убиени, мачени и егзекутирани во Буча, а телата останале на улиците. Тој повтори дека областа е минирана, а дури и телата на загинатите се минирани.

„Концентрираното зло ја посети нашата земја. Убијци, извршители, силувачи и разбојници кои се нарекуваат војска. А кои заслужуваат само смрт по тоа што го направиле“, рече тој.

Тој рече дека сака мајките на секој руски војник да ги види телата на убиените во Буча, Ирпин и Хостомел. Се прашуваше што направиле овие луѓе и зошто биле убиени. Тој, исто така, се запрашал што направил маж кој бил убиен додека возел велосипед на улица, зошто обичните цивили биле мачени до смрт, зошто жените биле давени откако им ги ваделе обетките од ушите и како жените можеле да бидат силувани и убиени пред нивните деца.

Во својот говор тој дополнително ја обвини Русија за воени злосторства и ги повика Ангела Меркел и Никола Саркози да го посетат Буча „за да видат до што доведе политиката на отстапки кон Русија во изминатите 14 години“.

Зеленски рече дека Украина ќе победи во оваа војна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе