Вести Најважни Свет

ОН: Во Украина убиени 1.276 цивили- нов обид за извлекување на цивилите од Мароупол

Од почетокот на рускиот напад врз Украина до 31 март загинаа 1.276 цивили, соопшти канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права во Женева (ОХЦР).

„ОХЦР верува дека бројот на убиени е многу поголем, а информациите од некои области каде што се водат интензивни борби доцнат и многу податоци чекаат потврда“, се вели во документот на ОН.

Агенцијата при ОН наведува дека повеќето луѓе загинале од експлозивни направи, поточно гранатирање и ракетирање.

Меѓу нив има 260 мажи, 184 жени, 36 момчиња, 18 девојчиња, додека полот на 61 дете и 717 лица се уште не е познат.

Потврдено е и дека досега се ранети 1.981 цивил.

Ситуацијата на истокот на земјата е „исклучително тешка“, вели украинскиот претседател Зеленски, бидејќи дел од руските сили се повлекуваат од север на земјата особено околу Киев.

Украинската војска соопшти дека руските сили сега го контролираат Изиум, град на околу 115 километри југоисточно од Харков. Руските трупи веќе се стационираат во регионот Донбас, каде заедно со сепаратистите се обидуваат да ги потиснат украинските сили од деловите на Луганск и Доњецк кои сè уште не се окупирани од Русија.

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук денеска најави дека планира да ги евакуира цивилите преку седум хуманитарни коридори.

Црвениот крст прави нов обид да дојде до цивили во опколениот Мариупол. Таму се упатува екипа од Запорожје. Еден обид не успеа во петокот поради континуираното бомбардирање на Русија

Уште илјадници цивили кои избегаа од Мариупол се очекува да патуваат во колона автобуси од Бердјанск, на брегот, кој е под контрола на Русија.

Околу 160.000 луѓе остануваат заробени во Мариупол без храна, вода и лекови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе