Вести Македонија Најважни

Безбедноста на регионот е под закана, констатираа лидерите на членките на НАТО од Југоисточна Европа

Безбедноста на регионот е под закана поради Руската инвазија на Украина констатирале денеска премиерите на Македонија, Бугарија, Романија и Црна Гора кои како земји-членки на НАТО денеска во Софија разговараа за заедничко функционирање на воените системи, но и за енергетската сигурност и безбедност на храната во регионот во новонастантата безбедносна состојба на континентот.

„Како што знаеме нашиот регион е зависен од рускиот енергенс и дускутиравме како како да вратиме некои од постоечките гасоводи и да почнат работат во обратна насока. Да земаме гас од Турција и Грција и да го носиме во Балканот преку постојните гасоводи. Безбедноста на храната исто така е клучна тема. Безбедност на храната во контекст на достапност на жито, достапност на масло. Ова се важни теми и нашите министри за земјоделие ќе разговараат за тоа за да осигураат дека безбедноста на храната во регионот е обезбедена“, изјави Петков

На состанокот било разговарано и за регионален координиран прием и дистрибуција на бегалци од Украина, од кои најголем прилив сега има во Романија, а било разговарано и за запирањето на влијанието кое го врши Русија во моментов преку различни форми.

„Препознаваме лажни наративи кои доаѓаат од Русија и влијание. Се договоривме да се бориме против тоа со зголемување на нашата отпорност. Тоа вклучува и намалување на нашата зависност од руските енергенси, борба против лажните руски наративи и поголема сајбер заштита, како и зголемување на трговијата меѓу нас“, изјави романскиот премиер, Николае Чука.

Прекуграничното перење пари за кое било утврдено дека е зголемено, исто така било тема на четирипартитната средба во Софија, за кое било исто така утврдено дека мора координирано да се одговори.

„Локалната корупција во многу случаи е инструмент кој Руската Федерација го користи за влијание во регионот. Истите луѓе кои се локално корумпирани, во многу случаи истовремено се и агнети на странски интереси, на што мора да одговориме“, рече Петков.

Македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, инвазијата на Русија врз Украина рече дека создало нова реалност во сите области, а пред се во производството на храна и набавката, како и производството и дистрибуцијата на енергија, но и на безбедност.

Тој од мини-самитот во Софија повторно побара брз интеграција на Западниот Балкан во Европската унија.

„Потенцирав дека проширувањето на ЕУ во суштина е безбедносна политика и дека застојот во овој процес остава дополнителна нестабилност за регионот затоа што има неколку негативни тенденции и создава простор за злонамерно влијание на трети земји“, рече Ковачевски.

Според него одложување на пристапниот процес за земјите од регионот може да ја намали довербата на кај граѓаните во Унијата.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе