Вести Македонија Најважни

МНР протера уште пет руски дипломати, МО подготвено да испрати војници на источната граница на НАТО

Руската амбасада во земјава останува со пет дипломати помалку. Имаат пет дена рок да ја напуштат Македонија, откако МНР ги прогласи за непожелни. Одлуката му била соопштена на рускиот амбасадор Сергеј Баздникин во Скопје, кому му била врачена дипломатска нота.

Ова е третпат МНР да протерува руски дипломати од земјава.

Минатата година во два наврати, двајца од нив беа прогласени за персона нон грата.

И во двата случаи Русија реагираше со реципрочни мерки, односно со протерување на македонски дипломати од Москва.
Откако државата се приклучи кон санкциите на ЕУ кон Русија, поради агресијата врз Украина, Москва ја прогласи Македонија за непријателска држава.

Во меѓувреме, украинската влада во два наврати доби донација од Македонија во воена опрема и вооружување.

Министерката за одбрана, денеска најави дека Министерството е подготвено да  испрати припадници на нашата армија на територија на источниот блок на  НАТО, но дефинитивна одлука уште нема.

Такво нешто било побарано од сите членки на НАТО.

Петровска тврди дека, АРМ има исклучително обучени и релативно добро опремени припадници кои, доколку евентуално бидат испратени во ваков тип на мисија, ќе бидат распоредени согласно стратегиите на НАТО.На прашањето, кога ќе се модернизира армијата, рече дека кон средината на годинава се очекува да бидат испорачани лесни оклопни возила, а во тек се и јавни набавки за телекомуникациските и системите на вооружување.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе