Балканот треба да биде симбол на координиран регион, различно од она што бил порано и да се соочи со новата реалност која ја донесе руската инвазија врз Украина.
Ова е пораката која четворица премиери на Бугарија, Северна Македонија, Романија и Црна Гора како членки на НАТО го порачаа денеска од Софија.
Премиерите на четирите земји констатирале дека безбедноста на регионот е под закана, разговарале за надминување на неговата енергетска ранливост, но и за идното снабдување со храна, како и за координирана стратегија за справување со бегалците од Украина.
