Вести Македонија

Ковачевски, Чука и Кривокапиќ утре кај Петков на разговори за Украина

На покана на бугарскиот премиер Кирил Петков, утре во Софија ќе се одржи состанок на лидерите на земјите-членки на НАТО од Југоисточна Европа. На настанот ќе присуствуваат премиерите на Романија, Република Северна Македонија и Црна Гора – Николае Чука, Димитар Ковачевски, Здравко Кривокапиќ, соопшти службата за информирање на бугарската влада.

Премиерите ќе разменат мислења за последиците од конфликтот во сферите  на безбедноста, енергетиката и економијата на краток, долг и среден рок.

Во центарот на дискусиите ќе бидат дискусиите за регионот од војната во Украина.

Петков, Ковачевски, Чука и Кривокапиќ ќе разговараат за импликациите врз безбедноста, енергетиката и економијата на краток, долг и среден рок.

Во овој контекст, акцент ќе биде ставен и на зајакнување на координацијата и соработката во Југоисточна Европа за справување со заедничките предизвици.

По завршувањето на работната сесија, учесниците на состанокот треба да имаат брифинг со медиумите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе