Вести Најважни Свет

Белата Куќа ја појаснува изјавата на Бајден дека Путин не смее да остане на власт

Путин не смее да остане на власт, рече американскиот претседател Џо Бајден во својот говор во Варшава, со кој ја заврши четиридневната европска турнеја, која имаше за цел да ѝ се даде поддршка на Украина.

На оваа изјава, брзо реагираа од Кремљ, од каде соопштија дека за тоа не одлучува бајден, туку само рускиот народ. Од Белата Куќа во обид да го смират тонот рекоа дека не се мислело на смена на рускиот режим, туку дека на Путин не смее да му се дизволи да ја вежба својата моќ врз соседните земји.

Во 50 минутното обраќање пред насобраните Пољаци, меѓу кои имаше и Украинци, Бајден ја спомена борбата меѓу комунизмот и Западот за време на Студената војна. Тоа беше борба за слобода, борба меѓу слободата и репресијата, но сега сме соочени но нова битка рече американскиот претседател.

Но, ние повторно излеговме за големата битка за слобода. Битка помеѓу демократијата и автократијата, меѓу слободата и репресијата, помеѓу поредокот заснован на правила и поредокот управуван со брутална сила. Во оваа битка, треба да бидеме чисти. И оваа битка нема да се добие со денови или месеци. Треба да се челичиме за долгата борба што претстои.

Русија ја задави демократијата и се обидува да го прави тоа и на други места, но ние остануваме со Украина и точка, заврши Бајден, кој во Полска дојде да ги охрабри властите, но и да ја даде воената поддршка што ја очекува Полска, со оглед на тоа што најголемиот товар со бегалците од Украина падна врз неа. Но, Варшава не го смирува тонот кон Русија, кој трае со години и е историски, а сега е најгласна е во барањето санкции.

На средбата со Дуда, Бајден вети дека НАТО сојузниците се тука на помош во случај Русија да се одлучи да ги нападне.

Во меѓувреме, експлозии одекнаа во западниот украински град Лвив, кој е во близина на полската граница. Овој град се уште е безбеден за многумина Украинци. Тука доаѓаат сите хуманитарни конвои, а сместени се и многу странски репортерски екипи.

Бевме во епицентарот и слушнавме сирени, сите излеговме и седнавме во автомобилите неколку минути, и потоа слушнавме многу силна..како да кажам, удар од ракета.

Пет луѓе се повредени во ова гранатирање, ое ги изненади жителите, а по апелот од властите ноќта ќе ја минат во скривниците.

Жестоки битки се водеа во опколените градови. Руската војска го освои градот Славутич, град во близина на нуклеарната централа Чернобил. Го киднапираа и градоначалникот, но по бестрашните протести од жителите се согласија да го напуштат градот, под услов сите кои поседуваат оружје да го предадат. На руската армија и е дозволено да го пребарува градот во потрага по украински војници, а потоа мора да се повлече.

Мариупол веќе го нема. Тука и натаму се заглавени околу сто илјади жители. Ако успеат да се извлечат на безбедно, можат да се евакуираат со приватни автомобили. Локалните власти денеска јавија дека веќе немаат ниту храна, ниту вода, ниту лекови, а постари луѓе веќе починале од дехидратација, како и три деца. Хуманитарците нема како да стигнат до Мариупол и да помогнат. во не толку безбедното Запорожје пристигнаа првите автобуси од Мелитопол и Мариупол. Тука се пречекани од волонтерите кои ќе помогнат да се префрлат во внатрешниот дел на земјата. Бегството од унштениот град Мариупол, луѓето го споредија со дишење на чист воздух, а најголем е стравот за децата.

Алиса Шутиноска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прекинат е инвестицискиот циклус за домашните компании, рече Битиќи (видео)

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пругата кон Бугарија е важна затоа што североисточниот регион е шестпати посиромашен од скопскиот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе