Утрово околу 04.00 часот во МВР било пријавено дека на улицата „Рузвелтова“ во близина на Симпо се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила.
Од МВР за Телма информираат дека незгодата била помеѓу два автомобили марка „Ауди“ и „Фиат Пунто“ со скопски регистарски табилички.
Во несреќата нема повредени лица, но е причинета материјална штета.
Увид на местото на незгодата направи екипа на СВР-Скопје.


© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
