Вести Македонија

Само 8 отсто од граѓаните веруваат во македонското судство

Јавноста нема доверба во судството. Незначително мал број на граѓани веруваат во македонските правосудни органи, им кажа денеска на судиите, американската амбасадорка. Порача дека,  луѓето треба да видат и да почувствуваат дека системот функционира. Да се уверат дека нивните случаи ќе бидат сослушани од неутрални и независни судови во разумен рок, а за тоа се неопходни реформи и зајакнување на институциите.

Претседателката на Судскиот совет смета дека независно судство е можно ако оценувањето на судиите се одвива според вредносни, реални и квалитативни критериуми.Тоа, вели, ќе се случи само со примена на Методологијата за квалитативно оценување на судиите, која ги фаворизира објективните, наспроти субјективните критериуми. Но, голем проблем за кој засега нема решение, е недостигот на судии.

Од Здружението на судиите,укажуваат и на други проблеми.

И Саити се надева дека наскоро ќе заживее методологијата која се применува во многу држави и која, според него, ќе има влијание врз независноста на судиите. Секој судија ќе биде следен дигитално, а се очекува и личната мотивација да биде зголемена, поради реалното оценување, што ќе биде основа за понатамошно унапредување.

Далиборка Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе