Вести Најважни Свет

НАТО го зајакнува источното крило за да спречи проширување на војната надвор од Украина

НАТО ќе испрати нови воени бригади во Бугарија, Романија, Унгарија и Словачка за да спречи прелевање на војната надвор од Украина. Одлуката која ќе се донесе утре, на вонредниот самит на НАТО, треба уште повеќе да го засилат присуството на Алијансата во источното крило на НАТО, најави генералниот секратр на Алијансата, каде веќе се распоредени 40.000 борбени трупи на НАТО. Дополнително на европско тло во моментов има и 100.000 американски војници, а пет носачи на авиони на НАТО се распоредени на крајниот север и во Медитеранот.

Очекувам лидерите да се согласат на јакнење на НАТО во сите домени со најголемо зголемување на нашето присуство на силите во источниот дел од Алијансата на земја, во воздух и море. Првиот чекор е да се расопреда четири нови НАТО бобени трупи, во Бугарија, Романија, Унгарија и Словачка. Заедно со ношите постојни трупи во Полска и балтичките држави ќе значи дека ќе имаме осум меѓународни бобени трупи долж источната граница – од Балтикот до Црното море, рече Столтенберг.

Столтенберг и денеска повтори дека НАТО на секој начин ќе ја помогне Украина, но оти нема да дозволи војната да се прелее надвор од украинската граница и да стане конфликт меѓу НАТО и Русија.

Изјавата на Столтенберг уследи само неколку часа откако шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, предупреди дека какво и да е распоредување, дури и на мировни сили на НАТО во Украина ќе значи директен судир меѓу НАТО и Русија, предупредувајќи ја притоа директно Полска, која освен нова стратешка визија на Алијансата поради руската агресија врз Украина заговара и испраќање на НАТО мировници во Украина.

Нашите полски колеги веќе изјавија дека на претстојниот НАТО-самит тие мора да испратат мировници во Украина. Се надевам дека знаат за што зборуваат. Тоа би било директен судир меѓу оружените сили на Русија и НАТО, нешто што сите, не само што сакаат да го избегнат, туку велат дека не треба никогаш да се случи, рече Лавров.

Против испраќање НАТО војници во каква и да е форма во Украина се противи и Германија, чиј канцелар, Олаф Шолц, уште еднаш повтори дека неговата земја се противи и на затворањето на украинското небо. Шолц притоа со став дека НАТО нема да влезе во војната во Украина, велејќи дека е тоа заеднички став на сите европски земји и САД.

Од Генералниот секретар на НАТО пак денеска стигна предупредување до Русија дека фундаментално ќе ја смени природата на војната во Украина и дека Русија мора да сфати дека нема да победи во нуклеарно војна, посочувајќи и дека нејзината „нуклеарна реторика“ е контрапродуктивна.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе