Министерка за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска, иако беше најавено утре наместо во Скопје, ќе биде во Брисел. Министерството за надворешни работи на Македонија денеска соопшти дека посетата на Генчовска на Македонија се одлага поради нејзини обврски, но и на македонски шеф на дипломатијата, Бујар Османи, во Брисел. И двајцата наместо на билатерален состанок во Скопје, во Брисел ќе учествуваат на состаноци во рамки на ЕУ, но и на вонредниот самит на НАТО закажан за в четврток, 24 март.
Од МНР со информацијата дека посетата на Генчовка се одлага, информираат дека Османи и Генчовска сепак имале билатерална средба во рамки на обврските кои ги имаат во Брисел, но без повеќе детали кога таа се случила и за што било разговарано.
Инаку, на посетата на Генчовска на Македонија се гледаше како на можност за политичко порафирање на она што досега е договероно на техничко ниво меѓу двете министерства на надворешни работи за надминување на политичките отворени прашања меѓу Македонија и Бугарија, без кои Софија нема да даде зелено светло за земјава за старт на преговорите.
Засега нема датум за кога е одложена посетата на Генчовска на Македонија.
