Вести Најважни Свет

Бајден: Путин ќе напаѓа со биолошко оружје, Зеленски – На работ сме со силите

Населението да се подготви за неселективно руско гранатирање на цивилните објекти. Украинската армија со најново предупредување – се очекува руските сили да користат оружје со висока прецизност за да ги уништат опколените градови. Се претпоставува дека руските сили го губат офанзивниот потенцијал и се принудени да повикаат засилување и да ја сменат тактиката. И американскиот претседател Бајден, рече дека Путин е притиснат до ѕид, а според разузнавачите следно што Путин може да употреби против Украина е хемиско и биолошко оружје.

Тој веќе користел хемиско оружје во минатото, и треба да бидеме внимателни за тоа што ќе дојде. Тој знае дека ќе има тешки последици поради обединетиот фронт на НАТО, но поентата е дека тоа е реално, изјави американскиот претседател Бајден. 

Русија се подготвува и за сајбер напади врз САД.. Нивната моќ е многу софистицирана и затоа следно на дневен ред во тетратката на Путин се токму злобните сајбер активности, вели Бајден.

  • Мојата администрација издаде нови предупредувања дека врз основа на разузнавачките податоци кои се развиваат, Русија можеби планира сајбер напад против нас. Како што реков, големината на сајбер капацитетот на Русија е прилично значајна, и таа доаѓа. Владата го прави својот дел за да се подготви, додаде Бајден. 

 За Кремљ, обвинувањата од Бајден се еднакви на бандитизам.

Руската федерација за разлика од многу Западни земји, вклучувајќи ги и САД, не се занимаваат со бандитство на државно ниво, врати портпаролот на кремљ, дмитриј песков

 

 

 

Русија веќе искористи хиперсонична ракета во напад врз украински цели. И планира да ги користи за уништувања на специјални објекти. И покрај тоа што Украинската армија тврди дека ја забавила предноста на непријателот, сепак руската страна покажа дека го зголемиле авијациското присуство. Претседателот Зеленски, денеска пред италијанските пратеници рече дека Украина се бори со последните сили. Претходно, тој повторно повика на директни преговори со Путин. Подготвен е на компромиси, согласен е да не бара членство во НАТО, но за донбаскиот регион ќе остави народот да одлучи.

Им објаснив на нашите групи кои учествуваат во разговорите дека кога разговараат за промени кои можат да бидат историски, не можеме да ги избегнеме и ќе излеземе на референдум. Луѓето ќе треба да кажат и да дадат одговор на оваа или онаа форма на компромис што ја спомнавте.

 

На терен, битката за Мариупол достигнува кулминација. Бомбардирањата се на секои десет минути. Градот е срамнет со земја, внатре останаа луѓето кои немаат можност и пари да избегаат. Украинската војска не го предава градот.

Колку подолго издржат, нивната супериорност се зголемува. Целта е битката да остане само во овој приморски град и да не се прошири кон Одеса. Но, на пристаништето во овој град на Црното Море веќе е забележано зголемено присуство на руската војска. Украина тврди дека вчерашните бомби Русија ги лансирала токму од Одеса, затоа што војската е спречена да напредува од копно.

За Москва останува приоритет заземањето на Киев. Но, тука украинскиот отпор е сериозен. За време на 35-часовниот полициски час кој се уште е во тек се слушнаа неколку експлозии.

Но, она што најмногу загрижува е што уманитарниот систем е целосно нефункционален. Голем дел од украинските градови имаат храна уште за следните 4 дена, а поради неконтролираното пукање хуманитарците немаат можност да достават помош.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе