Вести Најважни Свет

Украина го одби ултиматумот на Русија да го предаде Мариупол, Кремљ вели- нема место за средба Путин – Зеленски

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, денеска го окаратеризира како „масовно воено злосторство“ рускиот напад врз украинскиот пристанишен град Мариупол. „Се уништува сè, се бомбардира, се убива“, рече тој. Неговата реакција следи откако Украина го одби ултиматумот на Москва, до три часот изутрина по локално време да го предаде уништениот град Мариупол и да го положи оружјето, во замена за повлекување на руската војска. Околу 300.000 луѓе остануваат заробени без струја и вода. Се проценува дека околу 90% од зградите во Мариупол се оштетени или уништени.. По вчерашното бомбардирање на уметничкото училиште во градот каде се криеле 400-тини цивили, кое се наоѓа во непосредна близина до тетараот кој минатата недела беше гранатиран, се извчекуваат цивили од под урнатините.

  • Се надевам дека луѓето што гледаат ова на вестите ќе разберат дека Украинците не се виновни. Ние само се обидувавме да останеме и да растеме како нација во нашата земја. Не напаѓавме туѓа земја. Да, тоа се политички игри. Тоа е дипломатија. Но, во моментов, животите на луѓето се загрозени- Јулија Грицај, украинска бегалка.

Во Киев загинаа осум луѓе, таку продолжија бомбардирањата кои се повеќе доближуваат до центарот на градот. Засега тешките битки се водат во северниот дел од престолнината, но украинската страна вели дека рускиот напредок од таа страна е запрен. Воведен е полициски час во Киев којшто ќе трае од 20 часот вечерва до седум изутрина во среда.

  • Непријателот продолжува да го напаѓа главниот град. Ноќта спасувачите напорно го гаснеа пожарот во областа Подил. Каде што како резултат на гранатирањето изгоре трговскиот центар, беа оштетени шест станбени згради. Три од нив не можат да бидат обновени. Осум лица загинаа. Оштетени се и две училишта и две градинки- Виталиј Кличко, градоначалник на Киев.

Украинската делегација потврди дека преговорите за прекин на огнот продолжуваат и ќе се одвиваат како и претходно преку видео врска. Украинската страна предвидува дека ќе траат уште неколку недели. Проценките на Кремљ се дека додека нема конкретни релултати од преговорите, нема место за средба меѓу Путин и Зеленски.

  • За да се зборува за средба на двајцата претседатели прво е неопходно да се заврши домашната задача, неопходно е да се одржат разговори и да се договорат резултатите. Досега не е постигнато значително придвижување, засега нема договори на кои би можеле да се обврзат- Дмитриј Песков, портпарол на Путин.

Претседателот Зеленски побара воена помош од Израел, но наместо тоа од таму пристигнува монтажна болница која ќе биде поставена во близина на полската граница, премиерот Нафтали Бенет одговори дека и покрај тоа што Израел ја осуди руската инвазија, се воздржа од преземање дејствија што би ја налутиле Москва поради загриженост дека ќе ја загрози воена координација во соседна Сирија. Повикувајќи ги европските земји да ги затворат своите пристаништа за руската стока, Зеленски реќе дека ова е најлошата војна во Европа по Втората светска војна во која за три недели загинаа 115 деца.

  • Ве молам, не ја спонзорирајте воената машина на Русија, не давајте ниту едно евро на окупаторите. Затворете ги вашите пристаништа за нив, не увезувајте стока. Кажете „не“ на руските енергетски ресурси- Володимир Зеленскиј, претседател на Украина.

За нападот врз хемиската фабрика во близина на источкиот украински град Суми, каде беа потребни часови за да се запре излевањето на 50 тони амонијак, Русија ги обвини, како што рече „украинските националисти“, иако предходно украинската страна објави дека руска граната паднала врз фабриката.

Бројот на луѓе кои досега ја напуштија Украина надмина десет милиони, јавуваат ОН според чии проценки бројот на бегалци се очекуваше да биде околу седум милиони Украинци.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе