Вести Најважни Свет

Русија истрела крстосувачки и суперсонични ракети од Крим и Црното и Каспиското Море кон цели во Украина

Русија бомбардираше цели во Украина со крстосувачки ракети од бродови во Црното и Каспиското Море, и лансираше суперсонични ракети од воздушниот простор на Крим, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека цел на нападите во саботата навечер и денеска наутро е воената инфраструктура на Украина.

Русија лансираше крстосувачки ракети „Калибар“ од Каспиското Море и суперсонични ракети „Кинжал“ од воздушниот простор на Крим за да го уништи складиштето за гориво што го користи украинската армија. Крстосувачки ракети „Калибар“ беа лансирани од Црното Море кон фабрика во градот Нижин, која ги поправа украинските оклопни возила оштетени во борбите, и складиште за гориво во регионот на Миколаив, додаде Конашенков.

Според Министерството, уништената цел била „главниот извор на гориво за украинските оклопни возила“ распоредени на југот на земјата.

Русија го погоди и украинскиот воен центар, во кој се сместени странски доброволци во регионот Житомир, 150 километри западно од Киев. Во нападот загинаа повеќе од 100 украински специјални сили и странски платеници, соопшти руското МО.

Засега нема потврда од украинска страна ниту од независни извори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе