Стопиранани се градежните активности за изградба на пат во штипската ТИР зона, откако е најденa експлозивна направа од Втората светска војна. Во оваа зона работат три странски компании.
Директорката на Државниот трудов инспекторат, Весна Томовска вели дека на 16 март е пронајдена експлозивна направа, по што багеристот кој работел на ископ на патот одбил да ги извршува градежните работи, бидејќи стравувал по неговата безбедност. Од страна на трудовите инспектори во два наврати е излезено на терен.
Од страна на фирмата инвеститор на 17 март повторно упатиле повик до надлежните од Дирекцијата за заштита и спасување, кои во овој случај конастатирале дека на терен е пронајдено парче железо, а не експлозивна направа.
Од дирекцијата за заштита и спасување појаснуваат дека на 16 март пронајдена е минофрлачка граната од 82 милиметри, а од страна на деминерот е подигната од теренот. Во овој дел на градот Штип не е првпат да се пронаоѓаат неекслодирани гранати или бомби од Втората светска војна. Една таква бомба пред неколку години беше најдена и кај познатата штипска фабрика Актива, каде што специјален тим составен од припадници на АРМ и на дирекцијата ја деактивираа на лице место.
Трудовиот инспекторат вчера донел одлука за забрана за вршење на градежните активности на парцелата во Технколошко индустриската развојна зона во Штип.
