Едно малолетно девојче е тешко повредено во сообраќајна несреќа а уште две се повредени, откако биле удрени од автомобили кои имале судир во скопската населба Бутел.
МВР соопшти дека сообраќајката се случила околу 18.40 часот на крстосница на булевар Босна и Херцеговина и сервисна улица.
Се судриле „мерцедес” управуван од Д.Т.(19) од Скопје, автомобил „ауди” што го управувал скопјанецот Ј.Д.(29), како и „ауди” управувано од Ф.С.(56), исто така од Скопје.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобилa малолетничка-пешак, а со телесни повреди се здобиле уште две малолетнички-пешаци, како и возачите Ј.Д. и Д.Т., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”, Градската општа болница „Св.Наум Охридски” и Градска општа болница „8-ми Септември” – реагираат од МВР.
