Советот на јавни обвинители изгласа да нема измени во тимот на Русковска и петммината досегашни обвинители добија „ЗА“ да продолжат со работа во ЈО ГОК, а Гостиварскиот обвинител Арсим Адеми не ја доби поддршката од членовите на Советот за јавни обвинители, за да биде избран во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Тој важеше за кандидат за и обвинител кој се спогоди со Зоран Милевски Кичеец, односно даде согласнос Кичеец да лежи 6 месеци затвор за сообраќајката кај Стража, во која загина едно лице.
Обвинителството за борба против организиран криминал го избегна медиумскиот земјотрес и реакциите во фелата, Адеми доби три гласа, а претседателот на советот отфрли политички притисоци врз советот.
Од пријавени кандидати, совен Арсим Адеми, недоволно гласови добија и Елизабета Јосифовска – ЕКС СЈО, Наташа Сарамандова, Имран Османи и Златко Биковски.
Тие остануваат во своите основни обвинителства, а организиран продолжува со Ивана Трајчева, Марија Ѓоргева, Валентина Беслимовска, Сузана Мирческа – Кузмановска и Енѓулуше Кадриу – Леши.
На изборот претходеа две неуспешни седници да се обезбеди кворум но и жалби и реакции околу оценувањата на кандидатите во матичните обвинителства.
Русковска испорача 4 незадоволителни и една одлична оцена за своите кандидати, а потоа посочи дека се кочи изборот по истекот на мандатите и трпат предметите за потоа да ги усогласи оценките со забелешките.
Русковска и ЈО ГОК продолжува со десетмина обвинители во два сектори, се до јуни кога истекуваат уште три мандати.
Павле Беловски
