Вести Најважни Свет

Не се знае каде е новинарката која протестираше „во живо“

Стоп за војната, не верувајте на пропагандата, овде ве лажат, ова е содржината на транспарентот со кој уренчката на руската телевизија Канал 1, Марина Овсијаникова упадна во програмата додека нејзината колешка Екатерина Андреева ги читаше вестите. По инцидентот програмата беше прекината. Овсијаникова однесена во притвор, предходно веќе си обезбедила адвокат, кој за Си Ен Ен вели дека во моментот не знае каде се наоѓа таа, иако ги проверил сите полициски станици низ Москва. Пред протестот, кој се случи во живо, таа сними видео во кое вели дека се срами да работи за, како што ја нарече, пропагандата на Кремљ.

Инаку на медиумите во Русија им е забрането да ја нарекуваат инвазијата во Украина – „војна“. Наместо тоа, официјално се зборува за „воена специјална операција“. Ја прикажуваат Украина како агресор, на чело со влада опишана како неонацистичка.

Неодамна во Русија беше усвоен закон со кој се придведи 15 годишни затворски казни за она ​​што власта го смета за „лажни информации“ за армијата.

Неколку од преостанатите независни медиуми престанаа да емитуваат или објавуваат по притисок од властите, вклучително и радио станицата „Ехото на Москва“ и ТВ Дожд – онлајн ТВ канал. Новинарите во весникот Новаја Газета, се обидуваат да известуваат за ситуацијата без да ги прекршат новите закони на цензура. Во страв од можи казни, голем дел светски канали како Би-Би-Си и Радио Слободна Европа веќе ги повлекоа своите информативни сервиси од територијата на Русија.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: Имаме стабилно мнозинство

Дејан Дејан

Законот за сајбер безбедност наскоро низ владина процедура, во јуни во Собрание

Дејан Дејан

Билатералните прашања да останат билетерални, а не кочница на евроинтегративниот пат – порака на шефицата на австриската дипломатија од Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе