Вести Најважни Свет

Неизвесно отворањето на хуманитарните коридори

На барање на францускиот претседател Маркон по телефонски разговор со Путин, Русија понуди прекин на огнот и локално примирје за да се формираат коридори за евакуација од Киев, Мариопул, Харков и Суми. Но, понудата е транспортот на цивилите да води кон Русија и Белорусија, што за Украина е целосно неморално, цинично и еднакво на самоубиство. А од Елисејската палата соопштија дека таков коридор не бил договорен.

Ова е неприфатлива опција за создавање хуманитарни коридори (само во Русија и Белорусија). Нашите луѓе од Иванкив, Димер, Вишхород, Киев нема да одат во Белорусија за подоцна да летаат во Русија, вели Ирина Верешук, заменик премиер на Украина.

Истовремено, црвениот крст јавува дека рутата за евакцуација во градот Мариопул е минирана, а утринава во пет часот ниту жителите на Микаилов не беа поштедени од руските касетни бомби.

Речиси сите бомби паднаа врз станбените цивилни згради, врз куќите на луѓето. Многу бомби паднаа неексплодирани, речиси 40 бомби паднаа неексплодирани, тоа се кластер бомби, касетни, како ги викаат, тоа се големи болби кои се делат на помали кога ќе експлодираат и убиваат цивили и луѓе. Не се работи за борба со воени трупи, туку повеќе со цивили, рече Олександар Сенкевич, градоначалник на Микаилов.

Руските сили се прегрупираат и се подготвуваат за целосен напад врз Киев, јавија украинските воени сили. Снимките од дрон прикажуваат дека се поставени во селото Перемоха, на 80 километри од централен Киев, и од таму ја лансираат тешката артилерија. Само во текот на викендот истрелани се сто руски ракети, со што досега бројот се искаќи на 600-тини од почетокот на инвазијата. Пентагон додава дека 95% од руските трупие кои претходно беа поставени на границата сега се влезени во Украина.

Празно остана столчето на руската страна на денешното сослушувањето во Високиот суд во Хаг, каде Украина бара итна наредба за прекин на конфликтот. Русија одбива да присуствува и сослушувањето помина без руската делегација.

Фактот дека руските столчиња се празни зборува гласно. Тие не се тука во оваа судница, тие се на бојното поле водат агресивна војна против мојата држава. Вака Русија ги решава проблемите. Но, Украина има друга позиција и го почитува меѓународното право, изјави Антон Кориневич, претставник на Украина.

Но, затоа преговарачкиот тим од Москва веќе пристигна во Брест во Белорусија, за третата рунда преговори со Украина. Не е објавена тчната локација, ниту пак точното време на состанокот.  Украина нема да прави компромиси за својот територијален интегритет во преговорите со Русија, но е подготвена да преговара за модел според кој нема да биде членка на НАТО во иднина.

Алиса Шутиноска

 

 

 

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе