Вести Свет

Фон дер Лајен: Северен тек 2 зависи од однесувањето на Русија

Пуштањето во употреба на гасоводот Северен тек 2 ќе зависи од активностите на Русија, изјави шефицата на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен во интервју за Ханделсблат.

– Во оваа акутна криза, сè ќе зависи од позицијата на Русија … Руската Федерација врши воен притисок врз Украина и го користи гасот како лост за да влијае врз ЕУ. Затоа, Северен тек 2 не може да се отстрани од списокот со санкции – тоа е сосема јасно, изјави шефицата на ЕК.

– Подготвивме моќен и голем пакет финансиски и економски санкции. Тој се движи од ограничување на пристапот до странски капитал до контрола на извозот на технички производи. Овие ограничувања дополнително ќе ја ослабат руската економија, рече фон дер Лајен.

– Се разбира, луѓето од опкружувањето на Путин и олигарсите може многу да настрадаат – од една страна, поради вклучувањето на лични санкции, но најмногу поради финансиските и економските санкции што ги подготвуваме, додаде таа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе