Вести Свет

Пентагон испраќа дополнителни воени трупи во Германија, Полска и Романија

Русија ја осуди одлуката на САД да испрати дополнителни војници во Европа за да ги поддржи своите сојузници поради постојаните стравувања од руска инвазија на Украина. Москва рече дека тоа е „деструктивен“ чекор што ја зголеми тензијата и го намали просторот за политичко решение.

Пентагон соопшти дека 2.000 американски војници ќе бидат испратени од Северна Каролина во Полска и Германија, а уште 1.000 кои веќе се во Германија ќе одат во Романија.

Поранешниот амбасадор на САД во Украина вели дека Путин засега бара преговори, а мерките преземени од Украина, НАТО и Соединетите американски држави барем засега ја одвратија руската инвазија.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е во посета на Киев на покана на украинскиот претседател, додека Анкара прави дипломатски напори да го олесни ќор-сокакот меѓу Русија и Украина. Посетата на Ердоган доаѓа по понудата на Турција да биде посредник во тековната криза.

Турција која е поморски сосед и на Украина и на Русија, во Црното Море, и има добри врски со двете земји не сака војна и се надева дека прашањето ќе се реши по мирен пат.

Со оглед на тоа што Русија стационира околу 100.000 војници во близина на границата со Украина, Западот стравува дека Москва планира инвазија. Русија го негира обвинението и вели дека е слободна да ги преместува своите војници на нејзина територија.

Мартин Николовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Нов протест за Фросина – нејзиното семејство незадоволно од пресудата

Дејан Дејан

Oбвинителството предлага Крешник Бектеши да оди во куќен притвор

Дејан Дејан

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе