Вести Свет

Собранието во Црна Гора ќе одлучува за разрешување на потпретседателот на Владата, Дритан Абазовиќ

Црногорското Собрание денеска треба да расправа за предлогот на премиерот Здравко Кривокапиќ за разрешување на вицепремиерот Дритан Абазовиќ.

На Колегиумот на претседателот на Собранието е договорено доколку има кворум и доколку се изгласа предложениот дневен ред седницата да трае три часа.

Во предлогот за разрешување на Абазовиќ се наведува дека пратениците на Граѓанското движење УРА, заедно со дел од пратениците на Демократската партија на социјалистите и другите партии од поранешната власт, поднеле барање за гласање недоверба на Владата.

„Абазовиќ, како претседател на оваа политичка организација, јавно не ја оспори ваквата иницијатива, која директно го става во редот на оние кои работат против интересите на граѓаните и заеднички креирани и дефинирани цели“, вели Кривокапиќ во своето образложение.

Премиерот оцени дека е недозволив и непримерен ваквиот однос кон Договорот на лидерите на трите победнички коалиции од септември 2020 година, но и кон граѓаните на Црна Гора кои очекуваа хармонично и правно политичко дејствување на сите членови на Владата.

„Некоректноста со која се урива Владата, чиј член е, со истовремено зачувување на функцијата на која е избран, рушењето на принципите и уставните начела врз кои се темели  функционирањето на Владата, се непростливи причини поради кои предлагам разрешување на потпретседателот Абазовиќ“, наведува Кривокапиќ во предлогот за негово разрешување од функцијата.

Кривокапиќ воедно предлага црногорскиот Парламент за нов вицепремиер да го избере актуелниот министер за финансии и социјала, Милојко Спајиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе