Вести Македонија Најважни

2677 пријави за штети од земјотресот во Битола

2677 барања поднесоа битолчани и жителите од околните села до Општина Битола за надомест на штета од земјотресот што на почетокот на годината го погоди овој регион. Најмногу штети претрпеа постарите градби во Битола, но и куќите во пограничните села кои се на само неколку километри од епицентарот на земјотресот во соседна Грција. Сега ќе се формираат комисии кои ќе вршат проценка на на штетите што ги пријавија граѓаните.

– Формирани се комисии кои ќе ги разгледуваат барањата во следниот период и се надевам дека многу брзо ќе постапиме по барањата кои ги исполнуваат условите за надомест на штета. Минатата недела со претставници на ИЗИС се договоривме во текот на оваа недела стручни лица од таа институција да одржат обука на члeновите на тие комисија кои ќе вршат проценка согласно законот за заштита и спасување, изјави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Штети имаше и на повеќе објекти од јавен карактер, училишта, градинка, како и во Клиничката болница во Битола, за што се очекува финансиска помош и од државниот буџет.

– За штетите настанати од земјотресот остваривме и работен состанок со претставници на Владата на РМ а во понатамошното постапување очекуваме и поддршка од нивна страна, рече Коњановски.

Земјотресот се случи на 9 јануари вечерта со интензитет од 5,6 степени по Рихтер со епицентар во Грција на дваесетина километри од Битола. Овa беше најсилен земјотрес во последните 100 години во Битолскиот  регион

Емилија Мисирлиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва отворање на изложбата „ Трага во времето“ за 10 години Национален џез оркестар

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?

Дејан Дејан

Обвинителството отвори истрага за синот кој му нанел 30 убоди со нож на татко си кој претходно ја нападнал мајката на 30-годишникот

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе