Вести Свет

САД: Русија ќе се соочи со притисок во ОН поради украинската криза

Постојаната претставничка на САД во Обединетите нации, Линда Томас Гринфилд, вети дека ќе изврши остар притисок врз Русија во Советот за безбедност на ОН.

Томас Гринфилд во изјава за ABC изјави дека на денешната седница на Советот за безбедност на ОН ќе изврши силен притисок врз Русија во врска со украинската криза.

Американскиот претставник во ОН рече: „Ние сме обединети во повикувањето на Русите да се објаснат. Ќе влеземе на состанокот подготвени да ги слушаме, но нема да бидеме одвлечени од нивната пропаганда“ – изјави Гринфилд.

Истакнувајќи дека се обидуваат да ја намалат тензијата преку дипломатија соочени со закана за глобалниот мир и безбедност, Томас Гринфилд рече дека Советот за безбедност на Обединетите нации е важно место за дипломатијата.

Томас Гринфилд, на 28 јануари, објави дека го повикале Советот за безбедност на Обединетите нации да се состане на 31 јануари „на позадината на заканувачкиот начин на однесување на Русија кон Украина и концентрацијата на руските војници на украинската граница и Белорусија“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе