Вести Свет

Канада го повлекува персоналот од Амбасадата во Киев

Украинската криза секој ден е се поголема. Поради оваа причина, Канада одлучи да го повлече својот незадолжителен персонал од Амбасадата во Киев.

Во изјавата дадена од канадското одделение за глобални прашања, беше забележано дека семејствата на персоналот на канадската амбасада во Украина биле евакуирани претходно, а преземени се активности за повлекување на преостанатиот персонал.

Во соопштението се наведува дека приоритет на Канада е безбедноста на нејзините граѓани. Оттаму велат дека Амбасадата ќе остане отворена, а останатите службеници ќе даваат конзуларни услуги.

Владата на Канада им препорача на сите Канаѓани повторно да размислат дали треба да останат во Украина.

„Поради тековното засилување на руската војска и дестабилизирачките активности во и околу Украина, донесовме одлука привремено да ги повлечеме членовите на семејствата на персоналот на канадската амбасада. Официјални лица во Украинската амбасада во Канада и во Киев продолжуваат внимателно да ја следат ситуацијата.“ – се вели во соопштението на Канадското Министерство за глобални прашања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Блокада на влезот во Битола

Дејан Дејан

Полетаа од Солун да гаснат кај Дојран – два грчки канадера попладнево на помош против пожарот во Николиќ

Дејан Дејан

Армијата се вклучува во гаснење на пожарите – претседателката Сиљановска Давкова ја потпиша одлуката

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе