Ковид19 Македонија

Штипските градинки најавуваат отворање, но родителите се загрижени

Градинките се подготвуваат за прием на децата, а протоколите се истите, кои се донесени во јуни. Поради посебните услови бројот на децата во занималните ќе биде преполовен. Во штипските градинки во тек е анкетата, преку којашто родителите ќе се изјаснат дали нивните деца од септември сакаат да бидат згрижени.

Родителите треба да обезбедат потврда не постара од десет дена од матичен лекар, дека нивното дете е здраво, но и дека не можат да работат од дома. Носењето на децата во градинки нема да е исто како порано, дистанцата меѓу децата тешко се одржува, но нема да се прават големи групи.

Во објектите на двете детски градинки во Штип ќе можат да се згрижат околу 1.000 дечиња од претшколска возраст. Откако родителите од едната од градинките реагираа дека треба да платат по месечно по 521 денар, во време кога не работеа и не беа згрижени локалната власт одлучи сите родители да бидат ослободени од плаќање.

Од општинската каса на градинките ќе бидат префрлени 2.800.000 денари, а одлуката треба да ја потврдат управните одбори и советот на општината.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Скопје по невремето – откорнати дрвја, кровови и огради по улиците и училишните дворови

Sonja Petrusevska

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Валбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе