Саудиски турист, кој учествувал во сафари во Уганда, додека излегувал од автомобилот бил нападнат од слон и починал.
Нападот се случил во националниот парк Мурчисон Фолс, кога мажот го напуштил возилото со кое патувал тој и неговите пријатели, изјави портпаролот на Управата за диви животни на Уганда, Башир Ки.
„Додека биле на пат, застанале и сега веќе починатиот излегол од автомобилот, го нападнал слон и го убил на лице место“, изјави Кан.
Жртва на овој немил настан бил саудиецот Ајман Сајед Елшахани.
Претставниците на паркот рекоа дека полицијата ќе ја испита смртта на Елшахани додека ги разгледува безбедносните протоколи за „да се спречи повторување на такви инциденти“.
Во источноафриканската земја често се слушаат напади од животни. Последната беше во 2018 година, кога леопард го нападна тригодишниот син на чувар на игралиште во друг парк на западот од земјата.