Во американската морнарица, 45 морнари, 334 маринци и 111 воздухопловци беа отпуштени поради тоа што не дадоа доказ за вакцинација против Ковид-19. Илјадници воени лица го пропуштија крајниот рок за вакцинација. Ниту едно од 4.000 барања за верско ослободување на Пентагон не беше одобрено.
Американската морнарица отпушти 23 активни морнари затоа што одбиле да се вакцинираат против Ковид-19.
23 активни морнари, наводно, добиле отпуштање затоа што не обезбедиле доказ за вакцинација против коронавирусот. Отпуштени се и 22 почетни морнари во првите 180 дена од службата, со што вкупниот број на демобилизирани се искачи на 45.
Активниот персонал на морнарицата и маринците беа обврзани од Пентагон да бидат целосно вакцинирани до 28 ноември, додека од резервистите се бара да ја завршат вакцинацијата до 28 декември. Но, илјадници морнари наводно ги пропуштиле роковите.
Според пишувањата на американските медиуми 5.000 редовни морнари и приближно 3.000 резервни морнари останале невакцинирани.
10 трајни медицински исклучоци, 266 привремени медицински исклучоци и 83 други исклучоци, наводно, биле одобрени од американската морнарица, но ниту едно од 4.000 барања за верско изземање не било одобрено, во согласност со долгогодишната политика на Пентагон.