Вести Македонија Најважни

Определен притвор за 22-годишниот возач кој ја усмрти две години постарата Викторија на пешачки премин кај Сити мол

Обвинителството соопшти дека на осомничениот возач му е определена мерка притвор поради сите три законски можности.

-По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот на ЈО, судија на претходна постапка донесе решение со кое го прифати предлогот на ЈО и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори делото, соопштуваат од Обвинителството.

Притворениот возач на 20-ти јануари околу 20 часот ја удри 24-годишната радовишанка Викторија Николова која загина на лице место.

Несреќата се случила на пешачки премин, семафорите биле исклучени, а удрен бил и пријателот на загинатата кој е префрлен во болница, од каде по извршените прегледи е пуштен на домашно лекување.

Возачот положил пред една година, а делото го извршил со автомобил ситроен. По несреќата тој останал во возилото, а обвинителството соопшти дека не укажал помош на повредените.

По определениот притвор, адвокатот на возачот оцени дека притворот е изречен поради притисок од јавноста и дека судот со други мерки можел да го спречи прекршувањето на трите услови за определениот притвор на 22-годишникот.

Обвинителството ќе бара максимална казна и притвор за возачот кој усмрти девојка на пешачки премин

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паолучи: Фокусирајте се на зајакнување на домашните темели на економскиот раст

Дејан Дејан

Данска го презеде шестмесечното ротирачко претседателство со Советот на ЕУ

Дејан Дејан

Голем пожар на Крит, гори и кај Вурвуру, се евакуираат луѓе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе