Вести Свет

Ердоган: Турција е гаранција за мирот и стабилноста на Балканот

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и премиерот на Албанија Еди Рама одржаа заедничка прес-конференција по тет-а-тет средбата меѓу делегациите и церемонијата на потпишување на седум договори помеѓу Турција и Албанија.

Ердоган истакна дека Турција и Албанија имаат длабоки историски врски и дека се едни покрај други и во добро и во лошо.

„Вистински пријател е оној кој трча напомош и без повик и токму водени од оваа идеја дојдовме да помогнеме веднаш по разорниот земјотрес што неодамна ја погоди Албанија“, рече Ердоган.

Коментирајќи ги добрите односи кои ги има Турција со земјите од Балканот, Ердоган рече дека Турција не е примена во Европската Унија, но дека е угледна и силна членка на НАТО.

Тој нагласи дека Турција придава големо значење на зачувувањето на мирот и стабилноста на Балканот.

„Како што секогаш го правевме својот дел од работата за мирот и просперитетот на Балканот, остануваме една од земјите гаранти на мирот и спокојството во иднина“, рече Ердоган.

Ердоган е во официјална посета на Албанија каде што присуствуваше на церемонијата во албанскиот град Лач за предавање на 522 станбени единици вредни 42 милиони евра, наменети за семејствата кои го загубија покривот над главата во земјотресот во 2019 година.

Вчера турскиот претседател свечено ја отвори џамијата „Етем-бег“ која беше реставрирана од Турската агенција за меѓународна соработка и координација (ТИКА), а ќе има обраќање и пред пратениците во албанскиот Парламент.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Стационарот Лана ќе се отвори за две седмици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе