Вести Македонија

По 4 месеци стигна извештајот на германските експерти за пожарот во модуларната болница во Тетово

По цели 4 месеци Извештајот за пожарот во модуларната болница во Тетово на експертскиот тим од Германија конечно е во рацете на тетовските обвинители.

Деталите од вештачењето ќе се знаат откако ќе се изврши превод, затоа што е на германски јазик, по што ќе се анализира и ќе се донесе одлука, велат од Основното јавно обвинителство.

„ Извештајот од германските истражители до Основното јавно обвинителство – Тетово пристигна во петок. Денеска е издадена наредба да се преведе од германски на македонски јазик, на судски преведувач со лиценца. Обемот на вештачењето е околу 7 страни, при што е побарано внимателно да се преведе, затоа што има форензичка терминологија. Потоа тимот од 5-мина обвинители треба да донесе одлука“ – соопштија од Тетовското јавно обвинителство.

За потребите на истрагата беа сослушани сведоците на настанот, како и одговорните лица во болницата.

На почетокот на октомври минатата година, пак, беше објавено дека според вештачењето на МВР пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор, односно апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред, а беа направени и вештачења на Технолошкиот факултет и од електроинженер.

Пожарот, во кој изгореа 14 лица се случи вечерта на 8 септември 2021 година. На видеото од безбедносните камери се гледа како пациенти се спасуваат преку прозори, а објектот е цел во пламен, за само три минути.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца хоспитализирани, еден опериран – над 30 повредени од невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Утврдено зголемено ниво на арсен во водата за пиење во Валандово – граѓаните да не ја користат за пиење

Sasko Dimovski

Подолго време е потребна претпазливост во Гостивар, не знаеме што сè има во фекалното загадување, советуваат инфектолозите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе