Македонија останува посветена на европската агенда и го реафимираше очекувањето за скорешен почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија, порача претседателот Пендаровски на средбата со германската министерка за Европа, Ана Лирман. Пендаровски на средбата посочи на подготвеноста на нашата држава за продолжување на дијалогот со Бугарија, со цел надминување на блокадата во однос на европските интеграции.
Честитајќи ѝ за преземањето на функцијата, претседателот Пендаровски оцени дека посетата на министерката Лирман набрзо по нејзиното именување, ја демонстрира јасната посветеност на германските власти за аспирациите на државите од Западен Балкан за членство во Европската Унија.
