Според „Мејл“, британската влада има намера да го намали финансирањето на Би-Би-Си, односно ќе нареди двегодишно замрзнување на таксата што гледачите ја плаќаат за гледање емисии. Владата на премиерот Борис Џонсон неодамна ја спомена потребата од реформирање на финансирањето на оваа јавна телевизија.
Замрзнувањето на цената на претплатата на сегашните 159 фунти ќе им даде одредено олеснување на потрошувачите поради инфлацијата, која се очекува да достигне највисоко ниво во последните 30 години во април. Но, тоа би било и голем удар за финансиската структура на Би-Би-Си, која на пазарот се натпреварува со приватни компании како Нетфликс.
Опозицијата, односно Лабуристичката партија рече дека тоа е политички потег.
„Се чини дека премиерот и министерката за култура намерно сакаат да и го отежнат работењето на оваа голема британска институција бидејќи не им се допаѓа начинот на кој известува“, изјави пратеничката Луси Пауел.
Британските политички партии редовно ги критикуваат вестите на Би-Би-Си. Поддржувачите на Брегзит сметаа дека Би-Би-Си е премногу критичен за ова прашање. Минатата недела, конзервативен пратеник рече дека покривањето на Би-би-си за забавите на Џонсон на Даунинг стрит за време на карантинот било „обид за државен удар“.