Вести Ковид19 Македонија Најважни

Битола е второто жариште во земјава каде ковидот се шири неконтролирано

Со рапидниот скок на новозаболени и активни случаи во официјалната статистика во Битола, веќе го зголемува и притисокот врз Клиничката болница.  Дневно има по 120 прегледи на пациенти во амулантата на КОВИД центарот, а вкупно на болничко лекување се 32 лица, повеќето невакицинирани.

Сепак се претпоствува дека бројката на заболени е далеку поголема, затоа што граѓаните сами се тестираат со брзи тестови, па здравстените власти апелираат, овие случаи до официјално тестирање да останат во излоација за да се намали ширењто на вирусот.

Од Ценатрот за јавно здравје информираат дека вчера имаа 180 позитвни случаи во целиот регион кој го покриваат, а најмногу заболени има во Битола, 94. Денеска се прават анкети со нив, по што ќе се знааат повеќе детали, на која возраст се заболените, каде се заразиле. Со овие бројки Битола после Скопје во моментот е најголемо жариште  на коронависрусот. Вчера во Македонија вкупно беа регистриарни 1197 нови слуачи.

Од генетската лабораторија на клиниката Жан Митрев соопштија дека 75 проценти од сите позитивни пациенти тестирани со ПЦР тестови кај нив се заразени со омикрон сојот. Од министерството за здравство пак соопштија дека во лабораторијата на Институтот за јавно здравје од 27 примероци, кај 9 е детектирана омикрон варијантата, што изнесува 37, 5 проценти од позитивните слуачи.

Емилија Мисирлиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украина и Русија ослободија по 185 затвореници во последната голема размена

Дејан Дејан

Зеленски: Путин одбивајќи средба избира војна

Дејан Дејан

Тилев и Стојковски: Македонија треба да инсистира на „front-loaded“ пристап во преговорите со ЕУ, но клучот е во уставните измени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе