Трите партии – партнери во новата бугарска влада се оградија од ставовите на Трифонов за Северна Македонија, кој стартот на преговорите со ЕУ го поврза со укинувањето на визите за влез на бугарските граѓани во САД и прием на Бугарија во Шенген зоната.
– Имаме стратегија како да ги водиме разговорите – да ги водиме многу поинтензивно, на пошироко ниво, а не само во насока на историското минато. Целта е тоа да помогне да ги приближиме нашите позиции во согласност со Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година, изјави координаторот на Пратеничката група на Промената продолжува во бугарското Собрание, Андреј Ѓуров. Според него, работите што ги споменува Трифонов не треба да се поврзуваат една со друга.
Потпретседателот на бугарското Собрание на Бугарија и поранешен бугарски министер за надворешни работи Кристијан Вигенин, исто така се огради од изјавата на Трифонов, посочувајќи дека во коалицискиот договор меѓу четирите партии е изнесен јасен став за европската перспектива на Северна Македонија.